CUP OF AIR – Поддршка и гаранциски сервис
Во CUP OF AIR се стремиме да обезбедиме сигурна работа и долг експлоатациски век на сите атмосферски генератори на вода. Покрај квалитетната опрема, обезбедуваме професионална техничка поддршка, сервисно одржување и консултација кога е потребно.
Гаранциски сервис
Сите уреди се испорачуваат со гаранција, која важи со приложување на пополнет гарантен лист и документ за купување. Гаранцијата ги покрива фабричките дефекти на материјалите и изработката при нормално користење на опремата.
Кога гаранцијата не важи
Гаранцијата не покрива оштетувања предизвикани од:
Неправилно користење или несовесна употреба;
Непочитување на упатствата за монтажа, работа и одржување;
Користење неоригинални или некомпатибилни компоненти;
Надворешни влијанија како пожар, поплава, природни непогоди или оштетувања при транспорт;
Подолг период на некористење на опремата;
Интервенција од неовластени лица или самостојни поправки и модификации.
Одржување на системот
За оптимална работа на атмосферскиот генератор на вода потребно е периодично сервисирање и замена на потрошните делови, како што се филтри, UV ламби и други компоненти кои подлежат на природно абење. Редовното одржување гарантира висок квалитет на водата и максимална ефикасност на системот.
Техничка поддршка
Нашиот тим е достапен за консултации, дијагностика, сервисирање и помош при користењето на системите CUP OF AIR. За прашања поврзани со одржувањето, гаранцијата или потребните потрошни материјали, можете да нè контактирате преку контакт-формата или преку наведените контакт-податоци.